Општината Кавадарци е оснивач на Јавното претпријатие и ги има сите права и обврски кои произлегуваат од Законот и другите прописи. Јавното претпријатие за комунални работи Комуналец - Кавадарци е основано за вршење комунална дејност како дејност од јавен интерес на Општина Кавадарци.
Претпријатието дејноста од јавен интерес ја врши трајно и без прекин и неговата работа е јавна и транспарентна, во согласност со Законот, овој Статус и другите прописи со кои се уредуваат условите и начинот на вршење на дејност од јавен интерес.
Претпријатието е должно да обезбеди јавност и транспарентност во финансиските односи во своето материјално-финансиско работење, согласно Законот, овој Статут и Меѓународните финансиски стандарди за јавен сектор.