Споменици, спомен плочи, спомен чешми и спомен бисти

Илинденска споменица 1903 г.

Споменици и спомен обележја од Илинденскиот и поилинденскиот период

  • Споменик на Гоце Делчев, поставен во дворот на ООУ “Гоце Делчев“
  • Спомен биста на Гоце Делчев,поставена во училиштето училиштето во село Марена.
  • Споменик-саркофаг на Пере Тошев, поставен во Дреновската клисура.
  • Спомен плоча на Пере Тошев, поставена во црквата во село Фариш, каде што бил погребан по неговото убиство на 04.05.1912 год.
  • Спомен плоча за престојот на Гоце Делчев во Кавадарци, 1901 год. поставена на куќата на Добри Даскалов во Кавадарци.
  • Спомен плоча за Добри Даскалов, поставена на куќата на Диме Јосифив-Бурето во Кавадарци.
  • Спомен плоча за борбата на четата на Добри Даскалов во селото Ресава, поставена на куќата на семејството Ласкови.
  • Спомен плоча во месноста “Дреновица“, за борбата на четата на војводата Петар Јуруков против турскиот аскер.
  • Спомен плоча на членовите на првиот комитет на ТМОРО.
  • Споменик  на жртвите од Тиквешкото востание во 1913 год.