- Споменик на револуцијата и слободата подигнат на градскиот плоштад во Кавадарци. Автор на споменикот е академскиот вајар Пјетро Палавичини.
- Спомен костурница на загинатите борци од НОВ 1941-1945 год. Автор на споменикот е проф. Петар Муличковски. Откриен е на 04.07.1976 год.
- Споменик-костурница на 12-те стрелани ваташки младинци во месноста Моклиште кај с.Ваташа. Автор академскиот вајар Јордан Грабуловски.
- Споменик на народните херои Ќиро Крстев и Димче Мирчев поставен во градскиот парк во Кавадарци. Автор акад. вајар Томе Андревски.
- Споменик на загинатите борци во Дреновската клисура. Автори на споменикот се Јован Јосифов-Ромбо и арх. Данчо Јосифовски.
- Споменик на стреланите партизани и родољуби, подигнат на патот кај селото Фариш.
- Споменик на н.х. Страшо Пинџур подигнат во дворот на ДИК “Страшо Пинџур“ во Кавадарци.
- Споменик на загинатите борци во борбата кај Овчка Река, подигнат на Тумбата од левата страна на реката во месноста “Мечкин дол“.
- Споменик за формирањето на Првата македонска дивизија подигнат во село Шешково.
- Споменик за загинувањето на првата жртва на одредот “Добри Даскалов“ и престојот на велешките партизани на овој терен, подигнат во село Ресава.