Етимолошки корени на името на градот Кавадарци
Според етимологијата-односно науката за корените на името на некој град, село или населба може да се каже дека името на градот Кавадарци потекнува од новогрчкиот збор кавадион, што значи вид на наметка изработена од еден вид скапоцена ткаенина. Или зборот кавад е плашт или наметка од скапоцена ткаенина, која во средниот век ја носеле световни или црковни великодостојници. Аналогно на свилар, од кој се изведува именката свилари, од возар – возарци, од рибар – рибарци, од кавад би се изведила именката кавадар, што би било изработувач или продавач на таков вид производ или материја.