Градоначалник - Биографија

Градоначалник Митко Јанчев

Биографија на Градоначалникот на Општина Кавадарци

Митко Јанчев е роден на 01.11.1981 година. Сопруг на Веселка и татко на три деца: Никола, Стојанче и Мила. Митко Јанчев е дипломиран инженер-геолог на Универзитетот „Гоце Делчев” Штип, а Магистерските студии на истиот ги завршува во отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија.

Тој е сопственик и управител на ДПТУ Кожувчанка од Кавадарци, првата приватна компанија за производство на вода во Македонија.

Функцијата управител ја превзема на 23 годишна возраст, по ненадејната смрт на неговиот татко кој беше основач на компанијата Кожувчанка.

Јанчев во своето 13 годишно раководење со компанијата воведува нови современи стандарди во раководењето и развојот на компанијата, а тоа го говори фактот дека Кожувчанка ДОО се наоѓа помеѓу 100-те најуспешни компании во државата. Исто, под раководство на Јанчев, компанијата го привлекува и соработува со светски познатиот бренд Синалко од Германија.