Идејата за организирање на Тиквешкиот гроздобер ја дал менаџерот на групата „Мањифико“, Борис Низамовски во февруари 1964 година кога неговата група гостувала во Кавадарци, инспириран од една слична гроздоберска манифестација во градот Дижон-Франција.
Токму тоа било и основната причина поради која општинското раководство на Кавадарци, Љупчо Шкартов и Киро Роглев, во 1964 година го организира првиот Тиквешки гроздобер, манифестација која има културен, туристички и стопански карактер.