Начин на поднесување на барање за пристап до информации од јавен карактер
Слободен пристап до информации имаат сите правни и физички лица.Слободен пристап до информации имаат и странски правни и физички лица во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и друг закон.Барателот пристапот до информацијата од јавне карактер може да го бара усно, писмено или во електронски запис.
Барање може да се поднесе пополнето и на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.Барателот не е должен да го образложи барањето.