Третата легенда
Говори за тоа дека јужно од Кулата, покрај реката Луда Мара, некогаш имало голем камен и една висока топола, под која имало извор со ладна вода. Местото околу изворот било многу погодно за пасење и пладнување на добитокот. Месноста луѓето ја викале „Кав-дар” (топола-место). Од оваа сложенка прво бил изведен топонимот “Кав-дар”, а подоцна и Кавадарци. На турски: “Кавак”, значи топола, “Дар” – тесно место.