Пријава и ажурирање на податоци за невладини организации

09.01.2026

Како дел од транспарентното работење на Општина Кавадарци и континуираното унапредување на комуникацијата со граѓаните и граѓанските организации, креиравме анкетен прашалник објавен на веб-страницата на општината. Прашалникот има за цел ажурирање на податоците за сите граѓански организации, со што ќе се овозможи навремено информирање за настаните и активностите што Општина Кавадарци ќе ги организира во наредниот период.

 

Ги повикуваме сите граѓански организации да ги обноват своите податоци најдоцна до четврток, 15.01.2026 година.