ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
ОБЈАВА број 2/2024
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија
по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
- Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со ДУП за УЕ5, Блок 5.2 и Блок 5.3 „Опитно поле 3“ КО Кавадарци град, Општина Кавадарци плански период 2020-2025 донесен со Одлука на Совет на Општина Кавадарци број 08-7480/39 од 21.12.2023 година, за изградба на објекти со намена на градба –А2 – домување во станбени згради со компатибилни класи на намена (Б1, Б4 -20%), (Б2-30%), мах. 40%, согласно Табеларен преглед 1, во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежнaтa парцелa, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.
Табеларен преглед 1
Број нa градежна парцела |
Основнакласананамена |
Компатибилна класа на намена |
Катност |
Броеви на катастарски парцели во состав на г.п. |
Максимална висина до венец во м1 |
Површина на градежна парцела во м2 |
Површина за градба во м2 |
Бруто развиена површина за градба во м2 |
Коефициент на искористеност |
Процент на изграденост % |
Почетна утврдена цена по м2 во МКД |
Вкупна цена во МКД |
Банкарска гаранција |
5.2.2 |
А2 – домување во станбени згради |
(Б1,Б4 -20%), (Б2-30%), мах.40% |
П+4+Пк |
дел од КП 10164/9, дел од КП 10164/13, дел од КП 16445/3, дел од КП 10163/8 |
17.80 |
958 |
334 |
2004 |
2,1 |
35% |
1.380,oo |
1.322.040,оо |
1.322.040,оо |
5.2.6 |
А2 – домување во станбени згради |
(Б1,Б4 -20%), (Б2-30%), мах.40% |
П+4 |
дел од КП 10164/1, КП 10164/14, КП 10164/16 |
16.0 |
1712 |
726 |
3630 |
2,1 |
42% |
1.380,oo |
2.362.560,оо |
2.362.560,оо |
5.2.7 |
А2 – домување во станбени згради |
(Б1,Б4 -20%), (Б2-30%), мах.40% |
П+4 |
дел од КП 10164/1 |
16.0 |
2185 |
726 |
3630 |
1,7 |
33% |
1.380,oo |
3.015.300,оо |
3.015.300,оо |
5.2.8 |
А2 – домување во станбени згради |
(Б1,Б4 -20%), (Б2-30%), мах.40% |
П+4 |
дел од КП 10164/1 |
16.0 |
1932 |
738 |
3690 |
1,9 |
38% |
1.380,oo |
2.666.160,оо |
2.666.160,оо |
5.2.9 |
А2 – домување во станбени згради |
(Б1,Б4 -20%), (Б2-30%), мах.40% |
П+4 |
дел од КП 10164/1, КП 10164/10, КП 10164/18, КП 10164/21 |
16.0 |
1964 |
738 |
3690 |
1,9 |
38% |
1.380,oo |
2.710.320,оо |
2.710.320,оо |
5.3.18 |
А2 – домување во станбени згради |
(Б1,Б4 -20%), (Б2-30%), мах.40% |
П+4 |
дел од КП 10573/1 |
16.0 |
2633 |
738 |
3690 |
1,4 |
28% |
1.380,oo |
3.633.540,оо |
3.633.540,оо |
5.3.19 |
А2 – домување во станбени згради |
(Б1,Б4 -20%), (Б2-30%), мах.40% |
П+4 |
дел од КП 10573/1 |
16.0 |
2525 |
738 |
3690 |
1,5 |
29% |
1.380,oo |
3.484.500,оо |
3.484.500,оо |
ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество на јавното наддавање имаат:
1.Физички лица: државјани на Република Северна Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.
2.Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Северна Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање по електронски пат преку информацискиот систем поставен на интернет страницата www.gradezno-zemjiste.mk, со пополнување на електронски образец кој го потпишува со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач за секоја градежна парцела поединечно, во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата, комплетирана со следните докази (приложени во електронска форма во оригинал или фотокопии заверени на нотар и потпишани со дигитален потпис и полномошно на носителот на дигиталниот потпис заверено на нотар и потпишано со дигитален потпис):
- Пријава од подносителот, во која се наведени податоци за која градежна парцела се однесува истата и заподносителот на пријавата, како и што се доставува во прилог на пријавата ( кои документи) потпишана дигиталнo.
- Банкарска гаранција за сериозност на понудата за секоја градежна парцела посебно е утврдена согласно табеларните прегледи дадени во оваа објава со рок на важност до 30.12.2024 година, со која понудувачот ќе гарантира дека доколку добие статус на најповолен понудувач ќе ја плати крајно постигнатата цена за отуѓување на градежното земјиште на електронското јавно наддавање во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор на најповолен понудувач потпишана со дигитален потпис.
Подносителот на пријавата има обврска банкарската гаранција покрај електронската форма прикачена во системот, истата во оригинал да ја достави до Општина Кавадарци, во рокот определен за поднесување на пријавата заклучно со 20.08.2024 година до 16.00 часот, во архива на Општина Кавадарци.
- За физичките лица уверение за државјанство потпишано со дигитален потпис;
- За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар не постар од 6 месеци потпишано со дигитален потпис;
- Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице, заверено на нотар, односно доказ за својството овластено одговорно лице на правното лице потпишано со дигитален потпис.
- e-mail адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање (за подносителите на пријави кои ќе достават погрешна е-маил адреса,Општина Кавадарци нема обврска да прима и врши корекции на истата)
- Изјава за прифаќање на условите во објавата за секоја градежна парцела посебно заверена на нотар и потпишана со дигитален потпис.
Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени.
Подносителите на пријави задолжително треба да имаат електронски дигитален сертификат (потпис) за да можат да поднесат пријава за учество на јавното наддавање.
Доколку учесникот е заинтересиран за повеќе од една градежна парцела, се пополнува поединечна пријава за секоја градежна парцела, за што се доставува и посебна банкарска гаранција за сериозност на понудата.