ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 05/2024

13.09.2024

 

 

 

                                                                                                         ИНТЕРЕН ОГЛАС  БРОЈ 05/2024

                                        За унапредување на 1 административен  службеник во општинската администрација на Општина Кавадарци

 

      Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на административен службеник 1 (еден) извршител и тоа :

 

  1. УПР 01 01 В01 000 Советник за координација на активностите на Градоначалникот, Одделение за работи на градоначалникот и односи со јавноста, Сектор за правно-нормативни и општи работи ..............1 (еден) извршител;

 

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови предвидени за работното место под точка 1 утврдени со актот за систематизација се:

тручни квалификации ниво: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен и тоа: Научно истражувачко подрачје:општествени науки, научно-истражувачки полиња:образование, медиуми и комуникации

- Работно искуство и тоа: најмалку три години работно искуство во струката.