ОБЈАВА број  02/2024 за давање во закуп на недвижни ствари

18.09.2024

Врз основа на член 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ“ број 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18, 275/19 и 122/21), Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.2699 КО Марена во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-3324/10 од 27.05.2024 година, донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.51/24), Извештај за извршена процена на пазарна вредност на недвижен имот бр.02-106/4 од 19.04.2024 година изработен од Друштво за проценка и консултантски услуги  “ПРИМА ТИМ” ДОО Охрид, Комисијата за недвижни и движни ствар сопственост на Општина Кавадарци, објавува:

ОБЈАВА број  02/2024

за давање во закуп на недвижни ствари по пат на

ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

            Предмет на електронското јавно наддавање е давање во закуп на недвижни ствари–објекти сопственост на Општина Кавадарци, кои се даваат во закуп согласно Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на КП.бр.2699 КО Марена во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-3324/10 од 27.05.2024година, донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.51/24).

2.ПОДАТОЦИ ЗА НЕДВИЖНИТЕ СТВАРИ – ОБЈЕКТИ КОИ СЕ ДАВААТ ВО ЗАКУП

            Предмет на закуп е недвижна ствар – објект сопственост на Општина Кавадарци, кој се наоѓа на кп.бр.2699 КО Марена запишан во Имотен лист бр.1556  и тоа:

Ред. бр.

Улица и број

Објект

Намена на објектот

Површина

Проценета вредност на недвижната ствар

Почетен износ на месечна закупнина

Минимален чекор на наддавање

Банкарска гаранција

2%

Час /почеток

Објава

Период

на закуп

1.

  Село

Зграда 1,

Влез 1,

Приземје

ДПД

34 м2

549.810,00 денари

2.749,00 денари

Без ограничување

10.996,00 денари

11:00 часот

Втор пат

5 години

За земјиштето со кп.бр.2699 КО Марена на која се наоѓа недвижната ствар која е предмет на давање во закуп донесен е Урбанистички план за село Марена, согласно Одлука бр.08-326/4 од 31.01.2019 година.

Висината на почетната месечна закупнина изнесува 0,5% од проценетата вредност на недвижната ствар и истата е наведена во табеларниот преглед.

Недвижната ствар од табеларниот приказ под реден број 1 се дава во закуп за период од 5 години.

Проценетата вредност на недвижната ствар е утврдена согласно Извештај за извршена процена на пазарна вредност на недвижен имот бр.02-106/4 од 19.04.2024 година изработен од Друштво за проценка и консултантски услуги “ПРИМА ТИМ” ДОО Охрид.