18.10.2024
Согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, Oпштина
Кавадарци превзема мерки и активности за промоција и унапредување на
еднаквоста и превенција од дискриминација.
Една од основните мерки е запознавање на локалното население преку
едукативна содржина "ЕДНАКВОСТ ЗА СИТЕ" , се со цел подигање на јавната
свест и препознавање на концептот на недискриминација и еднаквост.
Граѓаните имаат право да бидат информирани за своите права и подеднакво
да учествуваат во општествениот, социјалниот и економскиот живот.