ЈАВЕН ПОВИК за граѓаните на Општина Кавадарци кои што имаат претрпено материјална штета од природна непогода – мраз

11.05.2026

Се повикуваат граѓаните на Општина Кавадарци  кои што имаат претрпено материјална штета од природна непогода мраз, која што го зафати подрачјето на територијата на општината, во месец Мај 2026 година, истата да ја пријават во просторите на општина Кавадарци. 

Пријавувањето на штетите може да се врши секој работен ден почнувајќи од 12.06.2026 година заклучно до 18.06.2026 година во периодот  од 08:00 до 16:00 во Граѓански услужен центар.

Покрај барањето пријавите да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, трансакциона сметка и доказ за сопственост на имот (имотен лист или договор за закуп). Лицата кои веќе ги имаат осигурано  своите насади од мраз да не доставуваат документација.

Документи