ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
Објавува
ЈАВЕН ПОВИК
За прибирање на апликации за финансиска поддршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2026 година наменети за спортски клубови и здруженија, општински и училишни сојузи како и поддршка на манифестации, турнири и проекти во областа на спортот од интерес на Oпштина Кавадарци
Се повикуваат спортски клубови и здруженија во областа на спортот регистрирани на пордачјето на Општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, своите апликации за финансиска поддршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2026 година, да ги достават до Општина Кавадарци – Локална самоуправа во предвидениот рок.
Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2026 година, наменети за спортски клубови и здруженија во областа на спортот регистрирани на подрачјето на Општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, ќе се врши согласно Правилникот за утврдување на критериумите, начинот и постапката за распределба на финансиски средства на спортски клубови и здруженија како и поддршка на манифестации, турнири и проекти во областа на спортот од интерес на Општина Кавадарци бр. 08 – 2787/5 од 21.05.2026 година (“Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр. 13/26),
- Основни организациски критериуми :
- Го потикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт
- Ја реализираат утврдената програма за развој на спортот
- Ги усогласуваат и кординираат програмските активности на здруженијата
- Го организираат и спроведуваат системот на натпревари
- Се грижат за унапредување на стручна работа и усовршување на сручните кадри
- Се грижат за унапредување на младите категории
- Задолжителна документација за аплицирање:
- тековна состојба од клубот/здружението ( не постара од 6 месеци);
- решение за вршење дејност спорт согласно Законот за спорт (задоложително);
- договор за користење на спортски објект (спортска сала, терен) каде што се одржуваат тренинзите;
- потврда од соодветната спортска федерација во која категорија апликантот учествува (Супер лига, Прва лига, Втора лига, Трета лига, општинска лига, младинска лига, кадетска лига, пионери) како и времетраењето на учеството на клубот во соодветната федерација; издадена за тековната година
- листа со спортските успеси постигнати во последните две години, поткрепена со докази;
- официјален годишен билтен за учество во национален систем на натпревари во тековната година;
- детално разработена програма / проект на активности во тековната година;
- детално разработен финансиски план за потребните средства за реализација на програмата /проект (број на ангажирани лица, опис на трошоците по позиции)
- прилози (фотографии, награди, признанија, дипломи и сл.)
- изјава за активност на клубот/здружението, дадена под материјална и кривична одговорност
- НАПОМЕНА: Пријавите кои не ја исполнуваат комплетноста на задолжителната документација нема да се разгледуваат.
- Рок и начин на доставување на пријавите
Рокот за поднесување на пријавите започнува од 26.05.2026 година а крајниот рок за поднесување е 09.06.2026 година до 16.00 часот. Пријавите со целокупната документација се доставуваат лично или по пошта (пријавите доставени по е-маил или факс нема да бидат разгледувани ), на адреса : Плоштад Маршал Тито бб Кавадарци, или во архивата на Општина Кавадарци до 16.00 часот (со назнака – Пријава за јавен повик – Комисија за спорт )