Врз основа на член 42 од Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебни текови на отпад (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 215/21) и член 32 од Законот за управување со пакување и отпад од пакување (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.215/21), Градоначалникот на Општина Кавадарци
ОБЈАВУВА
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на лиценциран оператор за организирање на одделно собирање на отпад од пакување на територијата на Општина Кавадарци
Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување објавува јавен повик за воспоставување на соработка за организирање на одделно собирање на отпад од пакување и склучување на Договор за воспоставување на организиран, интегрален и одржлив систем за собирање на отпад од пакување на територијата на Општина Кавадарци.
Основна цел е редовно сервисирање односно празнење на садовите за отпад од пакување (секој ден, освен недела) кои согласно одлука на Совет на Општина Кавадарци ќе бидат поставени на територијата на Општина Кавадарци и соодветно обележани.
Право на учество на овој јавен повик имаат:
Сите заинтересирани оператори – лиценцирани самостојни постапувачи со отпад од пакување во врска со објавениот повик треба да ги исполнуваат следните услови:
- Да поседува Дозвола за постапување со отпад од пакување издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање;
- Да е регистриран во Централен регистар за постапување со отпадна електрична и електронска опрема и
- Да поседува Договор со колективен постапувач што поседува Дозвола за постапување со отпад од пакување.