Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.Весник на РМ“ бр. 199/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), а во врска со член 17 од Изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 171/24), и член 50, точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ" бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови за 2020 година - Март, точка 51, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Повторна Јавна Презентација и Повторна Јавна Анкета за Детален урбанистички план за УЕ 10, дел од Блок 10.2, "Мито Хаџи Василев Јасмин" КО Кавадарци, Општина Кавадарци.
Детален урбанистички план за УЕ 10, дел од Блок 10.2, "Мито Хаџи Василев Јасмин" се наоѓа непосредно до централното градско подрачје од градот Кавадарци и го дефинираат следниве граници:
Граници на планскиот опфат се :
- на Север границата се движи по границата на Сервисната улица СР9 „Мито Хаџи Василев Јасмин“
- на Исток границата се движи по осовината на Новопланираната Пристапна улица бр.6 потоа се движи по Станбена улица 2а, и по осовината на Сервисната улица СР4 „Тиквешко Востание“.
- на Југ границата се движи по осовината на Сервисна улица СР6 „Ресавска“
- на Запад границата се движи по осовината на сервисна улица СР7 „Пионерска“
Вкупната површина на планскиот опфат, ,изнесува 9,06 ха до осовини на сообраќајници.
Повторна Јавна Презентација и Повторна Јавна Анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 10, дел од Блок 10.2, "Мито Хаџи Василев Јасмин" КО Кавадарци град, Општина Кавадарци, во просториите на Општина Кавадарци.
Повторната Јавна анкета трае од 06.12.2024 до 20.12.2024 година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Повторната Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 10.12.2024 година (вторник) во 13:00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.
ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
ГРАДОНАЧАЛНИК:
Д-р Митко Јанчев