Јавен повик за вклучување на невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктура и заштита на животна средина

05.08.2024

Врз основа на Јавниот повик за учество во активна мерка (Мерка 6. Програма за работно ангажирање-Јавни работи од ОП за активни програми мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот 2024)од Агенција за вработување на Република Северна Македонија, Општина Кавадаци има потреба од ангажирање на општи работници поради што објавува

Јавен повик

За вклучување на невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктура и заштита на животна средина на локално ниво

Се повикуваат сите невработени заинтересирани лица да се пријават за извршување на јавни работи за потребите на Општина Кавадарци според Јавниот повик на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Јавниот повик се објавува поради потребата на Општина Кавадарци за ангажирање на лица кои доброволно ќе ги извршуваат активностите:

  • Оплеменување на зеленилото во градот
  • Засадување на нови садници
  • Подигнување на нови зелени површини низ градот
  • Кастрење на вегетацијата
  • Чистење и одржување на чистотата на повеќе локации во градот

 Времетраењето на ангажманот е 30 работни дена кој ќе се регулира со склучување на договор за ангажман. На невработените лица ќе им се исплаќа надоместок од 800 денари по работно ангажирано лице, дневно со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

На корисниците на парична помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на парична помош