ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕТРПЕНА МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА ОД ПРИРОДНА НЕПОГОДА - ГРАД

21.08.2024

ЈАВЕН ПОВИК

Се повикуваат граѓаните на Општина Кавадарци  кои што имаат претрпено материјална штета од природна непогода – град, која што го зафати подрачјето на територијата на општината, на ден 20.08.2024 година, истата да ја пријават во просторите на општина Кавадарци. 

Пријавувањето на штетите може да се врши секој работен ден почнувајќи од 23.08.2024 година до 30.08.2024 година во периодот  од 08:00 до 16:00 во Граѓански услужен центар.

Покрај барањето пријавите да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, трансакциона сметка и доказ за сопственост на имот (имотен лист или договор за закуп).