Јавен повик за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар Кавадарци

07.02.2025

Се повикуваат сите младински организации и организации за млади кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/10, 135/11 и 55/16) и Законот за младинско учество и младински политики (“Службен весник на РСМ”, 10/2020) да поднесат пријава за избор на младинска организација или организации за млади која ќе раководи со Младинскиот центар  Кавадарци.

Во согласност со Законот за младинско учество и младински политики, Младинските центри се места каде се подготвуваат и спроведуваат програми кои ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјален и професионален живот на младите, информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите.

Младинските центри се основаат во соработка меѓу општините и младинските форми на организирање регулирани во законот.

 

Заинтересираните организации/организација потребно е да достават:

-          Пријава и годишна програма за работа на Младинскиот центар за 2025 година

-          Годишен буџет за спроведување на предложената програма за 2025 година

-          Портфолио на организацијата или организациите кои се пријавуваат на јавниот оглас, во кои јасно ќе се гледа нивниот придонес и работа во сферата на младинската работа

-          Биографии на сите лица кои ќе бидат ангажирани во спроведување на годишната програма – квалификувани младински работници врз основа на Националното портфолио за младински работници

-          Тековна состојба од Централниот регистар на Република Северна Македонија не постара од шест месеци од организацијата или организациите

 

Пријавите да се достават до Општина Кавадарци во рок од 10 (десет) дена по објавувањето на јавниот повик во архива или по пошта на адреса: Општина Кавадарци, Плоштад Маршал Тито бб Кавадарци, со назнака  ,,Јавен повик за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар Кавадарци “

                Некомплетните и ненавремени пријави нема да бидат разгледувани.