Јавна Презентација и Јавна Анкета По Нацрт план - Детален урбанистички план за УЕ 10, дел од Блок 10.3 - до втор триаголник, КО Кавадарци, Општина Кавадарци

21.03.2025

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Нацрт план -  Детален урбанистички план за УЕ 10, дел од Блок 10.3 - до втор триаголник, КО Кавадарци, Општина Кавадарци плански период 2024-2029.

Граници на планскиот опфат се :

  • СЕВЕРОИСТОК – североисточната граница на планскиот опфат ја следи осовината на Сервисна улица СР2 ул.„Страшо Пинџур“ (според Измена и дополнување на ГУП на град Кавадарци и населбите Ваташа и Глишиќ, општина Кавадарци, донесен со Одлука бр.08- 2790/1 од 30.05.2019г), односно Собирна улица СО5 (според ДУП);
  •  ЈУГОИСТОК – југоисточната граница на планскиот опфат ја следи осовината на крак на Собирна улица СО5 (според ДУП);
  •  ЈУГОЗАПАД – југозападната граница на планскиот опфат ја следи осовината на Сервисна улица СР3 ул.„Народен Фронт“ (според Измена и дополнување на ГУП на град Кавадарци и населбите Ваташа и Глишиќ, општина Кавадарци, донесен со Одлука бр.08-2790/1 од 30.05.2019г), односно Собирна улица СО4 (според ДУП);
  •  СЕВЕРОЗАПАД – северозападната граница на планскиот опфат ја следи осовината на Станбена улица ул.8ми Март;


Површината на планскиот опфат изнесува 1,06 ха.

Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Нацрт планот - Детален урбанистички план за УЕ 10, дел од Блок 10.3 - до втор триаголник, КО Кавадарци, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

Јавната анкета трае од 08.04.2025 до 09.05.2025  година, секој рaботен ден од 8:00 до 16:00 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  11.04.2025  година во 13.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.