С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета
По Нацрт план - Детален урбанистички план за УЕ 10, дел од Блок 10.1, ОУ „Тоде Хаџи Тефов“ КО Кавадарци, Општина Кавадарци, плански период 2024-2029
Граници на планскиот опфат се :
- СЕВЕРОИСТОК – североисточната граница на планскиот опфат ја следи осовината на Сервисна улица СР7-ул.„ПИОНЕРСКА“ (според Измена и дополнување на ГУП на град Кавадарци и населбите Ваташа и Глишиќ, општина Кавадарци, донесен со Одлука бр.08- 2790/1 од 30.05.2019г),
- ЈУГОИСТОК – југоисточната граница на планскиот опфат ја следи осовината на СТАНБЕНА УЛИЦА СТ 1 - планирана со соседен ДУП за Урбан Блок 16К – „Пионерска запад“, Општина Кавадарци, донесен со Одлука бр.08-949/1 од 26.02.2016г.
- ЈУГОЗАПАД – југозападната граница на планскиот опфат ја следи осовината на СТАНБЕНА УЛИЦА СТ 2 – ул.„Дешка Тошева“ - планирана со соседен ДУП за Урбан Блок 16К – „Пионерска запад“, Општина Кавадарци, донесен со Одлука бр.08-949/1 од 26.02.2016г.
- СЕВЕРОЗАПАД – северозападната граница на планскиот опфат ја следи осовината на СТАНБЕНА УЛИЦА СТ 3 – ул.„Димитар Влахов“ - планирана со соседен ДУП Кавадарци, донесен со Одлука бр.01-996/1 од 05.04.1976г.
Површината на планскиот опфат изнесува 1,19 ха.
Јавна Презентација и Јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Нацрт планот - Детален урбанистички план за УЕ 10, дел од Блок 10.1, ОУ „Тоде Хаџи Тефов“ КО Кавадарци, Општина Кавадарци, плански период 2024-2029 во просториите на Општина Кавадарци.
Јавната анкета трае од 08.04.2025 до 09.05.2025 година, секој рaботен ден од 8:00 до 16:00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 11.04.2025 година во 14.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.