Согласно член 99 став 1 и член 122 став 4 од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија" бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 28/18, 65/18, 99/18 и "Службен весник на Република Северна Македонија" бр.89/22, 171/22 и 3/25), Градоначалникот на Општина Кавадарци:
ОБЈАВУВА
Барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола
Врз основа на член 124 од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија" бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 28/18, 65/18, 99/18 и "Службен весник на Република Северна Македонија" бр.89/22, 171/22 и 3/25), до Градоначалникот на Општина Кавадарци е доставено барање за добивање Б - Интегрирана еколошка дозвола бр.11-2180/1 од 01.04.2025 година од барателот ДПТУ „ЊУ Нова Инжинеринг“ дооел.
Категорија на инсталацијата:
Прилог 1, точка 2. Производство и преработка на метали, односно подточка 2.3. Инсталации за обработка на ферометалите.
Ја информираме јавноста дека сите потребни информации за барањето за Б – Интегрирана еколошка дозвола, ќе бидат достапни во просториите на Општина Кавадарци во Секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животна средина. Заитересираната јавност може да изврши увид во истата во рок од 15 дена од денот на објавување во просториите на локална самоуправа во соба број 19 од 09.00 до 12.00 часот.
Барање за Б дозвола