ОБЈАВА број 01/2025 за давање во закуп на недвижна ствар по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е давање во закуп на недвижна ствар–објект сопственост на Општина Кавадарци, која се дава во закуп согласно Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.890 КО Бојанчиште во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2515/17 од 29.04.2025 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл. Гласник на Општина Кавадарци“ бр.67/25).
2.ПОДАТОЦИ ЗА НЕДВИЖНАТА СТВАР – ОБЈЕКТ КОЈ СЕ ДАВА ВО ЗАКУП
Предмет на закуп е недвижна ствар – објект сопственост на Општина Кавадарци, кој се наоѓа на КП. бр.890 КО Бојанчиште запишана во Имотен лист бр.306
За земјиштето со кп.бр. 890 КО Бојанчиште на кое се наоѓа недвижната ствар која е предмет на давање во закуп донесен е Урбанистички план за село Бојачиште - Општина Кавадарци (плански период 2018-2028), согласно Одлука бр.08-5608/6 од 28.10.2020 година („Сл. Гласник на Општина Кавадарци“ бр.64/20). Висината на почетната месечна закупнина изнесува 0,5% од проценетата вредност на недвижната ствар и истата е наведена во табеларниот преглед.
Недвижната ствар од табеларниот приказ се даваат во закуп за период од 20 години.
Проценетата вредност на недвижните ствари е утврдена согласно Извештај за извршена процена на пазарна вредност на недвижен имот бр.02-8/2 од 10.01.2025 година изработен од ДПКУ “Прима Тим” ДОО Охрид и наш деловоден бр.19-303/2 од 14.01.2025 година.