Согласно член 13-а и член 13-б од Законот за градење (“Службен весник на Република Македонија“ бр.130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16, 35/18, 64/18, 168/18) и (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.244/19, 18/20, 279/20, 227/22, 111/23, 224/24, 225/24, 3/25, 17/25 и 101/25), и врз основа на Одлука на Совет на општина Кавадарциза давање согласност за пренесување на право на градење на објект за потребите на општина Кавадарци број 08-2893/5 од 19.05.2025 година (“Службен гласник на општина Кавадарци“ бр.68/25), Одлука на Совет на општина Кавадарци за утврдување на висина на банкарска гаранција за изградба на објект број 08-3567/32 од 20.06.2025 година(“Службен гласник на општина Кавадарци“ бр.70/25), Одлука на Совет на општина Кавадарци за давање на согласност на идејно решение за изградба на објект број 08-3567/3 од 20.06.2025 година(“Службен гласник на општина Кавадарци“ бр.70/25) изработен од Друштво за ревизија, надзор и проектирање ВЕРТЕКС АРХИТЕКТУРА ДОО Скопје тех. број 06/25-06 од Јуни 2025, Комисијата за спроведување на постапка за пренесување на правото на градење на ден 04.07.2025 година го распишува следниот:
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ПРАВО НА ГРАДЕЊЕ
1.Се распишува јавен повик за прибирање на понуди за пренесување на право на градење и тоа за:
1.1.Податоци за градежното земјиште:градежно земјиште предвидено со ДУП за УЕ 5, Блок 5.4, "Младински", Општина Кавадарци плански период 2020-2025, донесен од совет на општина Кавадарци со Одлука број 08-1789/4 од 15.03.2022 година, за градежна парцела ГП.бр.5.4.22, за изградба на објект со намена Б2-Големи трговски единици со компатибилни класи на намена (А2- со максимално дозволен процент на учество во однос на основната класа на намена од 5% и А3, Б3, Б4, Б5, В2, В3, В4 - со максимално дозволен процент на учество во однос на основната класа на намена од 40%), во согласност со табеларниот преглед во којсе дадени податоци за градежната парцела, намената на градежната парцела, вкупната површина на градежната парцела, катност, површина за градење и коефициент на искористеност и идеен проект со технички број 06/25-06, од Јуни 2025 изработен од правното лице Друштво за ревизија, надзор и проектирање ВЕРТЕКС АРХИТЕКТУРА ДОО Скопје.
Детален урбанистички план за УЕ 5, Блок 5.4, "Младински" КО Кавадарци град, Општина Кавадарци плански период 2020 - 2025 донесен со Одлука бр.08-1789/4 од 15.03.2022 година
Број на градежна парцела |
Основна намена |
Компатибилни класи на намена |
Број на катастарска парцела во КО Кавадарци |
Површина на градежна парцела (М2) |
Површина за градба (М2) |
Бруто развиена површина (М2) |
Максимална висина до венец (М) |
Број на спратови |
ГП.бр.5.4.22 |
Б2-Големи трговски единици |
А2 до 5% и А3, Б3, Б4, Б5, В2, В3, В4 до 40% |
10240 |
686 |
686 |
3431 |
20.00 |
П+4 |
1.2. Урбанистичко-архитектонски услови за изградба на објектот:Урбанистичко-архитектонските услови за изградба на објектот се дадени во табелата дадена во точка 1.1.од јавниот повик.
1.3. Минимален процент од бруто развиената површина на делот од објектот кој по изградбата треба да биде предаден во сопственост на општина Кавадарци: Минималниот процент од бруто развиената површина на делот од објектот кој по изградбата треба да биде предаден во сопственост на општина Кавадарци изнесува 15% од бруто развиената површина согласно идејниот проект со технички број 06/25-06, од Јуни 2025 изработен од правното лице Друштво за ревизија, надзор и проектирање ВЕРТЕКС АРХИТЕКТУРА ДОО Скопје со податоци за бруто површината сразмерно на висината на понудениот процент во понудата.
1.4.Рок и начин на доставување на понудите:Рокот за доставување на понудите е 17 календарски дена од денот на објавувањето на јавниот повик. Понудите се доставуваат непосредно во архива на општина Кавадарци или по пошта на адреса плоштад „Маршал Тито“ бб Кавадарци. Понудите треба да се достават во затворен коверт до "Комисија за спроведување на постапка за пренесување на правото на градење", со назнака "Не отварај" и истите не треба да содржат податоци за понудувачот или било какви други ознаки или обележја.
1.5. Потребна документација која треба да се достави: Понудувачот треба да достави:
-Понуда за учество во постапката по јавен повик за пренесување на правото на градење во која се содржани податоци за понудувчот, рок на важење на понудата кој не може да биде пократок од 9 месеци од денот на објавата на јавниот повик и процент од бруто развиената површина на делот од објектот кој по изградбата треба да бидепредаден во сопственост на општина Кавадарци согласно идејниот проект со технички број 06/25-06, од Јуни 2025 изработен од правното лице Друштво за ревизија, надзор и проектирање ВЕРТЕКС АРХИТЕКТУРА ДОО Скопје со податоци за бруто површината сразмерно на висината на понудениот процент во понудата;
-изјава за прифаќање на условите од јавниот повик;
- Изјава со која е согласен да го изгради објектот на кое земјиште постои бесправно изграден објект и се обврзува на свој трошок да го отстрани објектот согласно Решение за отстранување ИП1 20-41 од 13.12.2023 година на општина Кавадарци најдоцна во рок од 6 месеци по солемнизација на договорот.Изјавата да се даде по целосна материјална и кривична одговорност заверна на нотар.
-За физичките лица - копија од важечка лична карта (лична исправа) или пасош (патна исправа) и уверение за државјанство, непостаро од 6 месеци;
-За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар (Извод од тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не постар од 30 дена) и доказ дека над правното лице не е отворена постапка на стечај или ликвидација.
1.6. Датум, време и место на отварање на понудата: Понудите ќе се отвораат јавно во присуство на понудаувачите или овластени претставници на понудувачите. Отварањето на понудите ќе биде на ден 23.07.2025 година, во 10.00 часот, во просториите на општина Кавадарци, Плоштад „Маршал Тито“ бб Кавадарци.
1.7. Рок за добивање на одобрение за градење: Рок за добивање на одобрение за градење изнесува 9 месеци од денот на склучувањето/солемнизирањето на договорот за пренесување на правото на градење.
1.7а. Рок за отстранување на постоен објект: Рокот за отстранување на објектот за кој е донесено Решение за отстранување ИП1 20-41 од 13.12.2023 година на општина Кавадарци изнесува 6 месеци од денот на солемнизација на договорот.
1.8. Рок за изградба на објектот: Рокот за изградба на објектот (делот од објектот) кој по изградбата ќе биде предаден во сопственост на општина Кавадарци е 5 години по правосилноста на одобрението за градење согласно Законот за градење.
1.9. Обврска за доставување на банкарска гаранција за сериозност на понудата: Понудувачите (правни и физички лица) се должни да достават банкарска гаранција за сериозност на понуда во износ од 1.754.956,оо денари. Банкарската гаранција се доставува во оригинал во прилог напонудата за учество на јавниот повик со рок на важност до важноста на понудата.
1.10. Обврска за доставување на банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот (изградба на објектот): Избраниот понудувач (правно или физичко лице) е должен да достави банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот во износ од 1.754.956,оо денари, пред склучувањето на договорот за пренесување на правото на градење.
1.11. Посебни услови и обврски за најповолниот понудувач:
-Најповолниот понудувач ќе биде должен на свој трошок, според принципот „клуч на рака“ да го изгради објектот во избраниот процент на бруто развиена површина според основен проект доставен од истиот, изработен согласно идејниот проект.
- Најповолниот понудувач ќе биде должен да го плати надоместокот за уредување на градежно земјиште за изградба на објектот.
- Најповолниот понудувач се стекнува со право како инвеститор на кој му се пренесува правото на градење, да изгради објект со бруто развиена површина во која влегува и процентот на бруто развиената површина кој по изградбата ќе биде предаден во сопственост на општина Кавадарци.
Право на учество на јавниот повик имаат:
- Физички лица: Државјани на Република Северна Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, а под услови на реципроцитет можат да се стекнат со право на сопственост на недвижни ствари на територијата на Република Северна Македонија.
- Правни лица: Домашно правно лице регистрирано во Централен регистар на Република Северна Македонија како и странски правни лица резиденти на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на Европската Унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да се стекнат со право на сопственост на недвижни ствари на територијата на Република Северна Македонија.
Преодни и завршни одредби:
- Комисијата е должна најдоцна во рок од 5 работни дена од денот на отварањето на понудите да изврши евалуација на истите и да изготви извештај за евалуација на понудите, кои се доставува до сите понудувачи.
- За најповолен понудувач се избира лицето кое ќе ги исполни условите од јавниот повик и ќе понуди најголем процент од бруто развиената површина на делот од објектот кој по изградбата ќе биде предаден во сопственост на општина Кавадарци.
- Договорот за пренесувње на правото на градење се склучува со најповолниот понудувач по претходна согласност на советот на Општина Кавадарци.
- Понудувачите имаат право на приговор во рок од три дена од приемот на извештајот за евалуација до Комисијата која одлучува по приговорот со решение во рок од 5 дена од приемот на приговорот.
- Против решението од претходната алинеја може да се поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос и инспекциски надзор од втор степен, во рок од 8 дена од приемот на решението, при што жалбата не го одлага склучувањето на договорот.
- Нотарските трошоци за солемнизација на договорот се обврска на најповолниот понудувач.
- Секој заинтересиран понудувач може да изврши увид во документацијата од предметната објава, во просториите на општина Кавадарци од 10 часот до 16 часот.
Кавадарци, 04.07.2025 година.