ЈАВЕН ПОВИК за работно ангажирање на 35 (триесет и пет) невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување)

10.07.2025

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Мерка 6.2 –Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување) на ден 10.07.2025 година се објавува:

          Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

за работно ангажирање на 35 (триесет и пет) невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување)

            Се повикуваат сите  невработени лица евидентирани во АВРМ кои се заинтересирани да се вклучат во мерката 6.2 –Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), заради зголемување на вработливоста преку работно ангажирање на невработените лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), да се пријават во Агенција за вработување на РСМ- Центар за вработување Кавадарци.

            Работното ангажирање на невработените лица ќе биде реализирано за период до најмногу 5 (пет) месеци. За кандидатите кои ќе бидат избрани и работно ангажирани се предвидува да им биде исплатен износ од 24.000 денари месечно со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход.  ( средства обезбедени од Буџет на АВРСМ - Потсметка активни програми и мерки)

            За учество во мерката за работно ангажирање, лицата треба да ги исполнуваат следните услови:

            - Евидентирани невработени лица во АВРМ – активни баратели на работа;

Лицата да имаат општа здравствена способност и психофизичка способност и да не боледуваат од кардиоваскуларни, белодробни заболувања, епилепсија  и дијабет

            - да се на возраст до 55 години 

            При аплицирање за учество во активната мерка, заинтересираните невработени лица се должни да пополнат и потпишат Изјава за доброволно учество во работното ангажирање од оваа мерка како и прифаќање на обврските кои произлегуваат од учество во мерката, согласно утврденото во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, Договорот за учество во активната мерка и законските  прописи од областа на пожарникарството и шумарството.

            Изборот на кандидати за учество во активната мерка ќе го спроведе општината во соработка со ДЗС  и Противпожарен сојуз на Македонија, по што со избраните кандидати ќе се склучи Договор за учество во активната мерка со кој подетално ќе се уредат правата и обврските за учество во активната мерка (помеѓу АВРСМ, општината, ДЗС и невработеното лице).

Избраните кандидати се должни да учествуваат на работилница- обука организирана од страна на Противпожарен сојуз на Македонија  за користење на противпожарна опрема и стекнување на вештини за справување и превенција  од пожари, по што на кандидатите кои успешно ќе ја поминат обуката  ќе им биде издадена потврда за стекнати знаења од одржаната работилница-обука.

            За времетраење на ангажирањето кандидатот е должен:

            - да биде редовен и да ги извршува доделените работни задачи;

            -во случај на спреченост за присуство, во рок од 24 часа да го извести организаторот на јавните работи за причината поради која отсуствува и да донесе документ за оправдување;

            - да биде дисциплиниран и да го почитува пропишаниот ред и го чува имотот, средствата за работа и совесно да ракува со доверените материјали;

            -во случај да направи штета кај изведувачот на работите за време на изведувањето на јавните работи, а поради несовесно однесување или крајно невнимание, должен е истата да ја надомести;

- редовно да се јавуваат за извршување на работниот ангажман

            - по потреба да биде достапен за извршување на активностите на подрачје на друга општина, во координација на ЕЛС и ДЗС.

            Работното ангажирање на невработени лица кои ќе бидат вклучени во мерката за извршување на јавни работи од карактер за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување) ќе се реализира преку општината во соработка и координација со ДЗС (а по потреба и со МЖСПП) согласно потребата од активностите кои треба да се реализираат во рамки на мерката, а во согласност со законските прописи од областа на пожарникарството и шумарството.                                                  

            Правата и обврските на учесниците ќе бидат регулирани со Договорот за учество во активната мерка.                                                                             

Потребни документи за аплицирање:

- Пријава за учество (се пополнува во Центарот за вработување)

- Потврда  од матичен лекар за општа здравствена состојба и псохофизичка способност  на лицето и дека истото не боледува од кардиоваскуларни, белодробни заболувања , епилепсија и дијабет.

- Изјава за согласност за учество во ЦВ (се пополнува во Центарот за вработување).

                        Заинтересираните невработени лица Пријави за учество во мерката можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Кавадарци во периодот од 10.07.2025 година до 17.07.2025 година, од 08:00 до 15:00 часот.