Граници на планскиот опфат се :
- на север границата на опфатот се движи по осовина на Желков дол;
- на југо-запад планскиот опфат се движи по оската на улицата Страшо Пинџур;
- на северо-исток границата на планскиот опфат се движи по оската на реката Луда Мара
Површината на планскиот опфат изнесува 5,64 ха.
Повторната Јавна Презентација и Повторната Јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Предлог планот - Детален урбанистички план за УЕ 14, Блок 14.6 и Блок 14.7 - „Силекс згради“ КО Ваташа, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.
Повторната Јавна анкета трае од 13.10.2025 до 27.10.2025 година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Повторната Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 13.10.2025 година во 13.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.