Врз основа на член 124 од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија" бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 28/18, 65/18, 99/18 и "Службен весник на Република Северна Македонија" бр.89/22, 171/22 и 3/25), до Градоначалникот на Општина Кавадарци е доставено барање за добивање Б - Интегрирана еколошка дозвола бр. 11-4915/1 од 11.09.2025 година од барателот АДППВ „ВИНАРСКА ВИЗБА – ТИКВЕШ“ АД Кавадарци.
Прилог 2, точка 6, односно подточка 6.4. б) Обработка и преработка на храна од растителни суровини, со капацитет на производство на готови производи од 30 до 300 t/ден (просечна вредност на квартална основа).
Ја информираме јавноста дека сите потребни информации за барањето за Б – Интегрирана еколошка дозвола, ќе бидат достапни во просториите на Општина Кавадарци во Секторот за комунални дејности, урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина. Заитересираната јавност може да изврши увид во истата во рок од 15 дена од денот на објавување во просториите на локална самоуправа во соба број 8 од 09.00 до 12.00 часот.