1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВЕН ПОВИК
Предмет на Јавниот повик е избор на членови на Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на Јавното претпријатие за комунални работи “Комуналец“ Кавадарци, со седиште на ул,,Индустриска“бб во Кавадарци
Мандатот на членовите на Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење е во траење од 4 (четири) години.
2. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Заинтересираните лица кои што ќе се пријават на јавниот повик за избор на членови на Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на Јавното претпријатие за комунални работи “Комуналец“ Кавадарци треба да ги исполнуваат следните услови:
- е државјанин на Република Северна Македонија;
- има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на правните науки, економски науки, правни науки или областа на дејноста на јавното претпријатие;
-во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
Освен условите од ставот 1 точка 2, членовите во надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатија треба да имаат и соодветно работно искуство и тоа :
- еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство
- еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и
-еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи.
3.РОК, НАЧИН И МЕСТО НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА СО ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Заинтересираните лица по јавниот повик како доказ за исполнување на бараните услови треба да достават :
- кратка биографија,
-државјанство на Република Северна Македонија,
- уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,
-потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна забрана за вршење на професија, дејност или должност,
-потврда за евидентиран стаж од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија,
- сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон.
Заинтересираните лица по јавниот повик поднесуваат пополнета пријава (на образец - даден во прилог на јавниот повик) со потребната документација и доказите во писмена форма ( во оригинал или копија заверена на нотар) преку Архива на Општина Кавадарци, секој работен ден од 08:00 -16:00 часот или по пошта со назнака ,,За јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на заинтересирани лица за избор на членови на Надзорниот одбор за контрола на материјало-финансиското работење на Јавно претпријатие за комунални работи “Комуналец“ Кавадарци.
Рокот за доставување на пријавата трае 5 (пет) дена почнувајќи од 17.11.2025 година до 21.11.2025 година.
Јавниот повик ќе биде објавен на веб-страната на Општина Кавадарци www.kavadarci.gov.mk, на веб-страната на Јавното претпријатие за комунални работи “Комуналец“ Кавадарци jpkomunalec.com.mk и на огласна табла на Општина Кавадарци.