Интегриран локален развоен план

13.02.2026

 

Интегрираниот локален развоен план е подготвен од Општина Кавадарци во
рамки на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплментација на
проекти" кој го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации
(УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа и Бирото
за регионален развој.
Овој проект е дел од Програмската рамка на УНДП, финансирана од Шведска.
Општина Кавадарци подготвува Интегриран план за локален развој за
следење на функционалноста, за подигнување на развојниот капацитет на
општината и за подобра испорака на локалните услуги. Со интегрираните
планови за развој подобро се изразуваат локалните специфики и развојните
можности што се определени од различноста на релјефот, климата,
географските, комуникациските и другите услови, како и разликите во
образовните и квалификациските нивоа на населението.