Согласно член 99 став 1 и член 122 став 4 од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија" бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 28/18, 65/18, 99/18 и "Службен весник на Република Северна Македонија" бр.89/22, 171/22 и 3/25), Градоначалникот на Општина Кавадарци:
ОБЈАВУВА
Нацрт Б – Интегрирана еколошка дозвола
Врз основа на член 124 од Законот за животна средина ((„Службен весник на Република Македонија" бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 28/18, 65/18, 99/18 и "Службен весник на Република Северна Македонија" бр.89/22, 171/22 и 3/25), до Градоначалникот на Општина Кавадарци е доставено барање за добивање Б - Интегрирана еколошка дозвола бр. 11-6516/1 од 24.12.2025 година од ДПТУ „СЕРТА КОМПАНИ“ доо ул. „Шишка“ бб.
Категорија на инсталацијата:
Прилог 2, точка 6, односно подточка 6.4. а) Кланица со капацитет на производство на трупови поголем од 5 t/ден но помал од 50 t/ден.
Ја информираме јавноста дека сите потребни информации за нацрт за Б – Интегрирана еколошка дозвола, ќе бидат достапни во просториите на Општина Кавадарци во Секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животна средина. Заитересираната јавност може да изврши увид во истата во рок од 15 дена од денот на објавување во просториите на локална самоуправа во соба број 19 од 9:00 до 12:00 часот.