ПОВТОРЕН ЈАВЕН ПОВИК за пројавување на интерес  за пријавување на кандидати за избор на членови на Надзорниот одбор  за контрола на материјално-финасиското работење на Јавното претпријатие  за јавни паркиралишта ,,ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ,,

27.03.2026

ПОВТОРЕН ЈАВЕН ПОВИК

за пројавување на интерес  за пријавување на кандидати за избор на членови на Надзорниот одбор  за контрола на материјално-финасиското работење на

Јавното претпријатие  за јавни паркиралишта ,,ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ,, Кавадарци

бр.07/26

1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВЕН ПОВИК

Предмет на Јавниот повик е избор на  членови на Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на Јавното претпријатие  за јавни паркиралишта ,,ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ,, Кавадарци, со седиште на ул,,7-ми Септември “бр.1  во Кавадарци.

Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на Јавното претпријатие се состои од 3 (три) членови.

Мандатот на членовите на Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење е во траење од 4 (четири) години.

           

2. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

            Заинтересираните лица кои што ќе се пријават на јавниот повик за избор на членови на Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење  на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта ,,ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ,, Кавадарци треба да ги исполнуваат следните услови:

- е државјанин на Република Северна Македонија;

- има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование  од областа на правните науки, економски науки, правни науки или областа на дејноста на јавното претпријатие;

-во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;

Освен условите од точка 2 став 1, членовите во надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатија треба да имаат  и соодветно работно искуство и тоа :

- еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство,

- еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и

-еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи.

            3.РОК, НАЧИН И МЕСТО НА  ПОДНЕСУВАЊЕ  НА ПРИЈАВАТА СО ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

            Заинтересираните лица по јавниот повик како доказ за исполнување на бараните услови треба да достават :  

- кратка биографија,

-државјанство на Република Северна Македонија,

- уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,

-потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна забрана за вршење на професија, дејност или должност,

-потврда за евидентиран стаж од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија,

- сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон.

            Заинтересираните лица по јавниот повик поднесуваат пополнета пријава  (на образец - даден во прилог на јавниот повик) со потребната документација и доказите во писмена форма ( во оригинал  или копија заверена на нотар) преку Архива на Општина Кавадарци, секој работен ден од 08:00 -16:00 часот или по пошта со назнака ,,За Повторен јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на заинтересирани лица за избор на членови на Надзорниот одбор за контрола на материјало-финансиското работење на Јавното претпријатие  за јавни паркиралишта ,,ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ,, Кавадарци.

            Рокот за доставување на пријавата трае 5 (пет) дена почнувајќи од 30.03.2026 година до  03.04.2026година.