ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

18.05.2026

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА  УРБАНА ОПРЕМА НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

 

Се повикуваат сите заинтересирани правни и физички лица во рок од 15 дена сметано од денот на објавувањето на јавниот повик да достават директно преку архива на општината или преку пошта со препорачана поштенска пратка барања за поставување на урбана опрема во место викано „12-те Ваташки другари”, Oпштина Кавадарци на следните 5 локации:

 

Локација бр.1

Описни податоци: На локација бр.1 поставен е шанк со две помошни простории изградени од тврд материјал.

 Вкупната површина од локацијата број 1 изнесува:

-         Горно ниво - 80м2, заедно со шанк

            Вкупно: 80м2.

 

Локација бр.2

Описни податоци: Локацијата бр.2 е целосно покриена со метална конструкција (настрешница) покриена со лим, постои можност за поставување монтажно - демонтажен шанк - типскисо површина од 159м2.

 

Локација бр.3

Описни податоци: Оваа локацијата е целосно покриена со метална конструкција (настрешница) покриена со лим, постои можност за поставување монтажно - демонтажен шанк - типскисо површина од 153,6м2.

 

Локација бр.4

Описни податоци: Оваа Локацијата делумно е покриена со метална конструкција (настрешница) » 102м2 и останатиот дел е непокриен » 138м2 или вкупно 240м2. Постои можност за поставување монтажно - демонтажен шанк - типски.

 

Локација бр.5

Описни податоци: Локацијата е непокриена рамна поплочена површина со постојана урбана опрема (маси и столови), со површина од 185м2.

 

Составен дел на горенаведените локации се санитарни јазли кои што се заеднички и во функција на сите предвидени корисници.

 

Јавниот повик ќе се објави на веб страната на Општина Кавадарци www.kavadarci.gov.mk.

 

Надоместокот за користење на просторот изнесува 5 денари/1м2.

 

На корисниците на просторот Градоначалникот на Општина Кавадарци ќе им издаде соодветен управен акт одобрение за поставување на урбана опрема согласно одредбите од Законот за градење во кој ќе бидат дефинирани сите услови под кои треба да се постави истата.

Документи