Среќно Мајкл и уште поголеми успеси во иднина!

06.07.2023

Градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Советот на Општина Кавадарци, д-р Стојанче Рамов, имаа средба со Мајкл Георгиевски, ученик кој има континуиран успех во областа на природно математичките науки, придружуван од директорката на СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов’’ Јасминка Чулева.

Повод на денешната средба беше освоеното прво место на Државниот натпревар по физика кој се одржа на 29.04.2023 година на ПМФ- Физика во Скопје.

Мајкл Георгиевски континуирано секоја година освојува награди и признанија, продолжува да се истакнува со своите знаења, а неговите успеси тоа го потврдуваат и секако нашиот град, а и Гимназијата имаат со што да се гордеат.

Градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Советот ја изразија нивната поддршка и гордост и во знак на тоа му доделија плакета за континуиран успех во природно математичките науки!

Галерија