II – ДАНОК НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК

ДАНОЧНА ПРИЈАВА

За наследениот или подарениот имот се поднесува даночна пријава во рок од 15 дена од денот на наследениот или подарениот имот.

Образец на даночна пријава се пополнува и поднесува со уплатени административни такси  во износ од 250,00 денари за еден наследник/примател на подарокот, а доколку се повеќе наследници/приматели на имотот, се уплаќа по 250,00 денари административни такси за секој нареден наследник/примател на подарокот и тоа на  сметка: 840-132-03182 и приходна шифра 722-315. Aдминистративната такса за услугите на Општина Кавадарци имате можност да ја уплатите со платежна картичка преку ПОС терминалите поставени во Граѓански центар на Општина Кавадарци (приземје).

 

НАПОМЕНА:

ДАНОЧНИТЕ ПРИЈАВИ СЕ ПОДНЕСУВААТ ЛИЧНО потполнети со своерачен ракопис со наведено лице за контакт и уплатена административна такса, или преку полномошник со уредно полномошно од странките, оригинал и фотокопија од доказ за сопственоста (имотен лист) и изводи од матична книга на родени или венчани, договори за купопродажба/дар (5/6 примероци), од кои најмалку еден ќе биде потпишан од договорните страни и во нив во посебна клаузула да биде наведено лицето кое го плаќа данокот.

Даночните пријави кои не се целосни и комплетни нема да бидат примени и разгледувани.

 

ДАНОЧНА ОСНОВА

Претставува пазарната вредност на недвижниот имот утврдена од овластен проценител според Методологија за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот пропишана од Владата на Република Македонија и Одлука на Советот на Општина Кавадарци за утврдување на висината на стапките на даноците на имот на Општина Кавадарци бр.07-687/1 од 13.03.2006 година, Одлука на Советот на Општина Кавадарци за определување на зони за утврдување на вредноста на недвижен имот и за утврдување на вредноста на градежно изградено и градежно неизградено земјиште за град Кавадарци и селата во Општина Кавадарци со бр.08-1313/1 од 28.02.2023 година, Одлука за изменување и дополнување на Одлуката на Советот на Општина Кавадарци за определување на зони за утврдување на вредноста на недвижен имот и за утврдување на вредноста на градежно изградено и градежно неизградено земјиште за град Кавадарци и селата во Општина Кавадарци бр. 08-2220/4 од 05.04.2023 година и Одлука на Советот на Општина Кавадарци за утврдување на пазарна вредност на земјоделско земјиште по катастарски општини со бр.08-1313/2 од 28.02.2023 година.

 

ДАНОЧНИ СТАПКИ

-прв наследен ред –ослободен

-втор наследен ред – изнесува 3%

-трет наследен ред и останати –изнесува 5%.

 

ДАНОЧНИ ОСЛОБОДУВАЊА

Не плаќа данок наследникот, односно примателот на подарокот од прв наследен ред

 

РОК ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ:

Решение за наследство и подарок се донесува во рок од 30 дена.

 

РОК ЗА ПЛАЌАЊЕ:

Данокот на наследство и подарок се плаќа во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

 

ТУЖБА

Против решението на градоначалникот на општината, со тужба, може да се поведе управен спор пред надлежниот Управен суд, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

 ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОК НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

-   Потполнета даночна пријава со своерачен ракопис за утврдување на наследство и подарок и наведено лице за контакт,

-  Договор за подарок (меѓу странките) или наследно решение, најмалку 5 примероци оригинали од кои еден да биде потпишан од договорните страни за потребите на општината,

-  Судска пресуда – (три примерока) или 2 копии заверени на нотар,

-  Фотокопија од имотен лист од АКН (оригинален на увид и не постар од 6 месеци),

-  Извод од матична книга на родени/венчани ( оригинал и фотокопија),

- Административни такси уплатна сметка 840-132-03182, приходна шифра 722315, програма 00, во износ од 250,00 денари за секој даропримач/наследник.

 

По поднесување на потребната документација, проценител од Општината излегува на лице место, и врши проценка по Методологија за утврдување на пазарна вредност на недвижниот имот донесена од Министерство за финансии (Сл.Весник на РМ бр. 54/2012 и 17/2013) и и Одлука на Советот на Општина Кавадарци за утврдување на висината на стапките на даноците на имот на Општина Кавадарци бр.07-687/1 од 13.03.2006 година, Одлука на Советот на Општина Кавадарци за определување на зони за утврдување на вредноста на недвижен имот и за утврдување на вредноста на градежно изградено и градежно неизградено земјиште за град Кавадарци и селата во Општина Кавадарци со бр.08-1313/1 од 28.02.2023 година, Одлука за изменување и дополнување на Одлуката на Советот на Општина Кавадарци за определување на зони за утврдување на вредноста на недвижен имот и за утврдување на вредноста на градежно изградено и градежно неизградено земјиште за град Кавадарци и селата во Општина Кавадарци бр. 08-2220/4 од 05.04.2023 година и Одлука на Советот на Општина Кавадарци за утврдување на пазарна вредност на земјоделско земјиште по катастарски општини со бр.08-1313/2 од 28.02.2023 година.

 

МЕСТО НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ

Општина Кавадарци на I кат, Канцеларија бр. 2.


Лица за контакт од општинска администрација:

Марија Ризова

еmail:  mrizova@kavadarci.gov.mk

контакт: 072 422 184

 

Антонио Ѓорѓиев

еmail:  agorgiev@kavadarci.gov.mk

контакт: 076 806 852

 

ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕСМЕТАН ДАНОК НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК

На Налог ПП-50 се врши уплата на следната жиро сметка:

Назив на примач: Трезорска сметка, буџет на Општина Кавадарци

Бр.на жиро с-ката: 100000000063095

Депонент: Народна банка

Уплатна с-ка: 840-132-02533

Приходна шифра: 713211

Програма: 00

Цел на дознаката: ДАНОК НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК

 

Превземи документи:

Пријава за данок на наследство и подарок

Налог за данок на наследство и подарок

Налог за административна такса