Информација за одржување на јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за проект - Еколошки рециклажен центар за собирање и третман на отпадни гуми во општина Кавадарци, за потребите на инвеститорот ДССУООТУ “ЕКОВАТИВ ОИЛ“ ДООЕЛ од Скопје
Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 3 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 187/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015, 192/2015, 39/2016, 99/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија бр. 89/2022 и 171/2022) ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот ДССУООТУ “ЕКОВАТИВ ОИЛ“ ДООЕЛ од Скопје ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проект - Еколошки рециклажен центар за собирање и третман на отпадни гуми во општина Кавадарци.
Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот - Еколошки рециклажен центар за собирање и третман на отпадни гуми во општина Кавадарци, за потребите на инвеститорот ДССУООТУ “ЕКОВАТИВ ОИЛ“ ДООЕЛ од Скопје ќе се одржи на 06 Август 2024 година (вторник) во просториите на општина Кавадарци со почеток во 12:00 часот.
Контакт лица:
Управа за животна средина
Министерство за животна средина и просторно планирање
по пошта на адреса:, плоштад Пресвета Богородица бр.3, 1000 Скопје
ДССУООТУ “ЕКОВАТИВ ОИЛ“ ДООЕЛ од Скопје - седиште ул. “Шидска“ бр. 18, Скопје
Давид Мандиќ тел: +389 78 424 670; е-маил: ekovativoil2023@gmail.com