Најнови Постови

ПОСТАВЕНА УРБАНА ОПРЕМА НА ОДМОРАЛИШТЕТО КАЈ ТУРИСТИЧКОТО БИРО

ПОСТАВЕНА УРБАНА ОПРЕМА НА ОДМОРАЛИШТЕТО КАЈ ТУРИСТИЧКОТО БИРО

Проектот за урбано уредување на запуштениот простор кај Туристичко информативното биро на улицата „7-ми Септември“ полека се заокружува.

Општината деновиве поставува урбана опрема, клупи и канти за отпадоци.

Комуналниот проект се реализираше на иницијатива на градоначалникот м-р. Митко Јанчев. Станува збор за површина од 250 метри квадратни која беше запуштена и несредена.

По извршената ревитализација, овој дел од градскиот плоштад има плато во три нивоа, опремено со урбана опрема, а истиот се наменува за одмор на граѓаните.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПАРКИНГ ЗАД  ЗГРАДАТА ВО ВАТАША

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПАРКИНГ ЗАД ЗГРАДАТА ВО ВАТАША

Ангажираната градежна оператива на фирмата „Градба прометод Кавадарци, денеска започна со реализација на уште еден комунален проект на општината, во Ваташа.

Се поплочува паркингот позади зградата во центарот на селото. Според проектот на површина од 400 метри квадратни ќе се постават бехатон коцки.

Со урбанизацијата на тој простор, жителите од овој дел на Ваташа ќе добиат уредено место за паркирање без кал и прашина.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ПЕРО ВИДЕВ“ ВТОРА ФАЗА

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ПЕРО ВИДЕВ“ ВТОРА ФАЗА

Оперативата на фирмата „АС-Машини“ од Кавадарци започна со реализација на комунален проект за поплочување на улицата „Перо Видев“ во Ваташа.

Ова е втора фаза од реконструкцијата на оваа улица, на потегот од „Грковата чешма“ до спојот со улицата „Данко Дафков“.

Денеска на таа делница се поставуваше тампон, по што ќе уследи поплочување со бехатон коцки на вкупна површина од 1.000 метри квадратни.

Со овој проект, кој општината го реализира на барање на граѓаните, ќе се обезбеди подобар пристап и комуникација на жителите од тој дел на Ваташа.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА КРА ОД УЛИЦАТА „СТРАШО ПИНЏУР“ ВО ВАТАША

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА КРА ОД УЛИЦАТА „СТРАШО ПИНЏУР“ ВО ВАТАША

Денеска Оперативата на фирмата „АС-Машини“ од Кавадарци поплочи површина од 100 метри квадратни на крак од улицата „Страшо Пинџур“ во Ваташа.

Проектот е дел од кампањата на Општина Кавадарци за ревитализација на неколку улици во село Ваташа.

И овој проект општината го реализира на барање на граѓаните.

КОМУНАЛНО УРЕДЕН ПАРКОТ „ПОЛАНА“

КОМУНАЛНО УРЕДЕН ПАРКОТ „ПОЛАНА“

Општината Кавадарци успешно реализираше уште еден значаен комунален прокет. На користење на граѓаните на Кавадарци е предаден обновениот парк „Полана“.

На оваа локација општината најпрвин оформи нови парконг места со косо паркирање, потоа спроведе подобрување на јавното осветлување со ниски канделабри и ЛЕД светилки, а целосно ги обнови зелените тревни површини. Посадени се и ниско стеблести украсни растенија, а екипа на ЈП „Комуналец“ спроведе и целосно нова линија за полевање на сите зелени површини во паркот.

Претходно беа обновени реквизитите на детскиот забавен парк,  а се поставиа и фитнес справи како донација од компанијата „Кока Кола“.

Општината со овој проект беше принудена да зафати одреден мал процент од јавната површина на паркот, но за возврат со урбанизацијата граѓаните добиа уште еден уреден комунален објект за одмор и рекреација.