Најнови Постови

СЕ ГРАДИ НОВА ДЕЛНИЦА ОД КЕЈОТ НА ЛУДА МАРА

СЕ ГРАДИ НОВА ДЕЛНИЦА ОД КЕЈОТ НА ЛУДА МАРА

 Општината Кавадарци продолжува со реализација на проектот за регулација на коритото на реката Луда Мара. Деновиве во фаза на градба е нова делница од кејот шеталиште на потегот од мостот Слога кон Ваташа.

Оваа делница е долга 680 метри и со нејзината изградба ќе се спојат кејот-шетелиште Ваташа со делот во Кавадарци.

Ангажираната оператива на фирмата „Цвет компани“ од Скопје работи на изградбата на минор коритото со поставување на обработен камен. Архитектонски и оваа делница од кејот ќе биде иста како делот во градот, односно со минор корито од камен, и шеталиште на двата брега од кои левото шеталиште ќе биде со павер елементи, а десното од фин бетон за ролери. Освен тоа ќе се постави урбана опрема и ново улично осветлување.

Финансиската конструкција за овој проект изнесува 21.500.000 денари, парите се обезбедени преку Бирото за развој на Вардарскиот плански регион и буџетот на Општина Кавадарци.

КОНКУРС  За доделување на Награда “7  Септември”  на град Кавадарци за 2020 година

КОНКУРС За доделување на Награда “7  Септември” на град Кавадарци за 2020 година

По повод „7ми Септември” Денот на ослободувањето на град Кавадарци, Општина Кавадарци-Локална Самоуправа објавува Конкурс за доделување на наградата „7 Септември”.

  1. Наградата „7 Септември“ на градот Кавадарци се доделува на физички и на правни лица како знак на признание на Градот Кавадарци, за остварувања, во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на Градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Северна Македонија и во светот.
  2. На ученици и на студенти Наградата се доделува за творечки труд или континуирани, успешни постигнувања во наставните и вон наставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Кавадарци.
  3. Наградата се доделува за остварувања во изминатиот период од една година (сметано до звршувањето на конкурсот), како и за подолг изминат период кој претставува заокружена творечка или континуирана работна целина.
  4. Наградата за физички и правни лица се состои од диплома и плакета.
  5. Право на предлагање кандидати за Наградата имаат правни и физички лица.
  6. Предлогот за Наградата треба да биде детално образложен, а за кандидатите поединци да содржи и биографија.
  7. Кон предлогот за доделување на Наградата за печатени дела и други изданија се приложуваат и два (2) примерока од делото,

Предлагачот е потребно да ги наведе својот полн назив, адресата и телефонскиот број.

Предлозите и иницијативите да се достават најдоцна до Комисија за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија при Совет на Општина Кавадарци, најдоцна 20 август 2020 година.

Формулар за конкурирање за Наградата „7 Септември“ на град Кавадарци може да се подигне во Граѓанско информативниот центар во Општина Кавадарци.

Предлозите се поднесуваат во 2 примероци преку пошта или директно во Архива на Локалната Самоуправа Кавадарци соба број 20. 

Информации на телефон 043/ 416-130.

Превземи Документ
АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА „НАРОДНА МЛАДИНА“

АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА „НАРОДНА МЛАДИНА“

Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци денеска изврши асфалтирање на делница од улицата „Народна младина“.

Согласно проектот беаше асфалтирана површина од 850 метри квадратни. Претходно на истата делница општината како дел од проектот спроведе тампонирање, се поставиа нови рабници и се изврши поплочување на тротоарите.

Денешното асфалтирање на улицата „Народна младина“ е само дел од проектот на општината што ги опфаќа градежните работи и на улиците „Егејска“, „Бел камен“ и „Индустриска“.

За реализација на овој проект општината има предвидено финансиски средства во износ од 11.244.194 денари.

НОВИ ДИТСКИ ЗАБАВНИ ПАРКОВИ „БЕЛКА“ И „КИРО СПАНЏОВ“

НОВИ ДИТСКИ ЗАБАВНИ ПАРКОВИ „БЕЛКА“ И „КИРО СПАНЏОВ“

Нови два детски забавни паркови изгради општината во рамките на програмата за комунална изградба.

Ангажираната оператива на фирмата „Метал Апостолов“ од Кавадарци, денеска ги поставуваше последните реквизити во игралиштето на улицата „Киро Спанџов“.

Претходно нов детски забавен парк беше изграден и на локација кај зградите „Белка“.

Согласно проектото двете игралишта се поставени на бетонска основа покриена со специјална гумена подлога. Од безбедносни причини реквизитите се од масивно дрво. Терените се оградени со жица. Околу нив општината ќе изврши и хортикултурно уредување.

Двата детскио забавни паркови се изградени на барање на жителите  кои гравитираат на соодветните локации.

ЗАВРШИ АСФАЛТИРАЊЕТО НА ПОСЛЕДНАТА ДЕЛНИЦА ОД ПАТОТ СТРАГОВО-КРЊЕВО

ЗАВРШИ АСФАЛТИРАЊЕТО НА ПОСЛЕДНАТА ДЕЛНИЦА ОД ПАТОТ СТРАГОВО-КРЊЕВО

Точно според планот денеска попладне заврши асфалтирањето на последната делница од локалниот пат Страгово-Крњево. Општината Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ заврши со поставувањето на завршниот слој асфалт на последните метри од реконструираниот патен правец.

Оваа делница е најкусата врска на Кавадарци со Бошавијата. Со нејзиното целосно асфалтирање се заокружи значаен проект на локалната власт во напорите на заживување на овој некогаш исклучително витален регион, богат со природни ресурси.

Во последната фаза беше опфатено проширување, тампонирање и асфалтирање на последните 1 600 метри од патот. После асфалтирањето останува уште доуредувањето на канафките и пропустите, по што во наредните денови се очекува и предавање во употреба на оваа патна делница, која во изминатите 3 дена беше целосно затворена за сообраќај.

Сега од Кавадарци до селото Крњево преку Ладно Долче и Страгово ќе се патува по проширен и асфалтиран пат, многу побезбедно и побрзо.