Најдени резултати за : кружен тек

ЈАВЕН КОНКУРС за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје три(3) фонтани на Кружен тек – Сашко Гешовски

ЈАВЕН КОНКУРС за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје три(3) фонтани на Кружен тек – Сашко Гешовски

Врз основа на член 10 став 1 алинеја 1 и член 11, а во врска со член 18 став 3 од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата (Сл. весник на РМ бр.66/04,89/08,152/2015, 103/21), согласно  Програмата за изменување и дополнување на Програмата  за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја во Општина Кавадарци  бр. 08-1313/19 од 28.02.2023  година и Одлуката за подигање на спомен обележје – подигање на три (3) фонтани на Кружен тек – Сашко Гешовски  бр. 08-1313/23 од 28.02.2023  година, Одборот за подигање на спомен – обележje на три (3) фонтани  посветени на Сашко Гешовски   бр. 08-1313/23 од 28.02.2023  година,  со Одлука на Совет на Општина Кавадарци  со Бр 08-1313/23 од 28.02.2023година, објавува:

Ј А В Е Н   К О Н К У Р С
за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје
три(3) фонтани на Кружен тек – Сашко Гешовски

ОПИС И УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата (Сл. весник на РМ бр.66/04, 89/08 и 152/15),согласно  Програмата за изменување и дополнување на Програмата  за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја во Општина Кавадарци  бр. 08-1313/19 од 28.02.2023  година и Одлуката за подигање на спомен обележје на  – подигање на три (3) фонтани на Кружен тек – Сашко Гешовски бр. 08-1313/23 од 28.02.2023  година, Одборот за подигање на спомен – обележje  – подигање на три (3) фонтани на Кружен тек – Сашко Гешовски  бр. 08-1313/23 од 28.02.2023  година,  со Одлука на Совет на Општина Кавадарци  со Бр 08-1313/21 од 28.02.2023  година,   распишува ЈАВЕН КОНКУРС  за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје– подигање на три (3) фонтани на Кружен тек – Сашко Гешовски. За подигање на спомен обележјето Советот на Општина Кавадарци  има донесено Одлука .бр. 08-1313/23 од 28.02.2023  година  за подигање  -на три (3) фонтани на Кружен тек – Сашко Гешовски кој е првата жртва во Македонија во воениот конфликт во 1991 во СФРЈ.

Сашо Гешовски е роден во Кавадарци на 31 Октомври 1972 година. Има завршено основно и средно училиште во Кавадарци, а потоа заминува на отслужување на воениот рок во ЈНА, СР Хрватска. Тој бил првата жртва од Македонија во воените конфликти кои избија во 1991 година во СФРЈ. Бил застрелан на 6 мај 1991 додека чувал стража во касарната во Сплит за време на демонстрациите на поддржувачите на независноста на Хрватска.

ОФОРМЕН НОВ КРУЖЕН ТЕК НА БУЛЕВАРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ

ОФОРМЕН НОВ КРУЖЕН ТЕК НА БУЛЕВАРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ

Општината Кавадарци продолжува со реализација на проекти со кои се подобрува и унапредува движењето по градските улици.

Ново сообраќајно решени со кружно движење на возилата е изградено на булеварот „Никола Минчев“ кај зградата на Граничната полиција.

 Новиот кружен тек ќе обезбеди побрзо движење на возилата како и поекономична регулација на сообраќајот бидејќи нема потреба од поставување на семафори.

Со овој нов кружен тек се отстранува уште едно тесно грло на прометна улица кај спојот со булеварот „Цветан Димов“ како и со обиколницата „Северен булевар“.

СЕ ГРАДИ КРУЖЕН ТЕК НА БУЛЕВРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ“

СЕ ГРАДИ КРУЖЕН ТЕК НА БУЛЕВРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ“

Општина Кавадарци реализира проект за изградба на кружен тек на спојот на булеварот „Никола Минчев“ со булеварот „Цветан Димов“.

Со ова ново сообраќајно решение општината решава уште едно тесно сообраќајно грло на две значајни прометни сообраќајници. Новиот кружен тек комуникацијата и протокот на возилата од центарот кон зградата на УЈП и Граничната полиција, кон Црквата Св.„Петка“ и „Северен булевар“ ќе ја направи побрза и многу побезбедна.

 По изградбата на овој седми по ред кружен тек во Кавадарци општината во многу ќе ја зголеми безбедноста и пропустната моќ на главните улици во новиот центар.  

 

„ПРВИОТ ТРИАГОЛНИК“ СЕ ТРАНСФОРМИРА ВО КРУЖЕН ТЕК

„ПРВИОТ ТРИАГОЛНИК“ СЕ ТРАНСФОРМИРА ВО КРУЖЕН ТЕК

Општина Кавадарци во екот на градежната сезона преку ангажираната оператива го реализира проектот за реконструкција и проширување на улицата „Тиквешко востание“. Се работи интензивно на трансформирањето на „првиот триаголник“ во кружен тек, а во склоп на проширувањето на улицата на таа локација се поставуваат и нови рабници. Во тек се и завршните работи на поплочување на тротоарот од спојот со плоштадот кај општината до спојот со улицата „Миле В‘чков“.

Финансиската конструкција е обезбедена преку грант за успешност од Светска Банка.

ТУРБО КРУЖЕН ТЕК КАЈ ВВ „ТИКВЕШ“

ТУРБО КРУЖЕН ТЕК КАЈ ВВ „ТИКВЕШ“

Општината Кавадарци преку ангажираната фирма „Градба промет“ од Кавадарци започна со релизација на сообраќајно- комуналниот проект за изградба на кружен тек кај ВВ „Тиквеш“.

Проектот овде предвидува современо сообраќајно решение со кружен тек за експресно одвивање на сообраќајот – „турбо“ кружен тек.

Овој четврти кружен тек во градот се наоѓа на раскрсницата на улиците „Западен булевар“ со ул. 8 „Септември“. Новото сообраќајно решение ќе зафаќа површина од 3000м2, а ќе биде согласно стандардите со комплетна сообраќајна и комунална инфраструктура на јавно улично осветлување и хорти културно уредување.

За реализација на овој капитален проект Општината Кавадарци ќе инвестира 17,5 милиони денари, пари од буџетот за комунална изградба.

Loading