Најнови Постови

ИНТЕРЕН ОГЛАС за унапредување на  овластено службено лице  во Територијална Против Пожарна Единица Кавадарци

ИНТЕРЕН ОГЛАС за унапредување на овластено службено лице во Територијална Против Пожарна Единица Кавадарци

Врз основа на  член 11-к од Закон за пожарникарството („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/04, 81/07, 55/13, 158/14, 193/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/19), а согласно Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-6196/3 од 28.11.2019 година,  Правилник за изменување на Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-1911/1 од 26.03.2021 година, бр.04-1911/6 од 27.04.2021 година и бр.04-2567/1 од 12.04.2022 година и Правилник за критериуми за селекција на кандидати за унапредување во Територијална противпожарна единица во општина Кавадарци бр.04-321/3 од 14.12.2020 година, 

Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува

 

И Н Т Е Р Е Н  О Г Л А С

За унапредување на  овластено службено лице  во Територијална Против Пожарна Единица Кавадарци

 

Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на овластено службено лице  1 (еден) извршител:

 

  1. Командир на Одделение со шифра ПОЖ 02 10 Б04 000 во Територијална Против Пожарна Единица Кавадарци …………….1 извршител;

 

  Посебни услови предвидени за работното место  утврдени со актот за систематизација се:

  • за нивото Б4, ниво на квалификациите IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование;

  – најмалку 3 години работно искуство во струката евидентирано во Агенција за вработување на Република Северна Македонија како работен стаж

   -Да има положено возачки испит од “Ц” категорија

   -сертификат за пожарникар.

Градоначалникот Митко Јанчев додели благодарници на сите учесници во организацијата на Тиквешкиот гроздобер 2022

Градоначалникот Митко Јанчев додели благодарници на сите учесници во организацијата на Тиквешкиот гроздобер 2022

Од страна на градоначалникот Митко Јанчев беа доделени благодарници на сите учесници во организацијата на Тиквешкиот гроздобер 2022. Во оваа прилика градоначалникот меѓу другото истакна дека ова немаше да биде можно без сите оние кои се вклучија во организацијата и на кои им благодари. Тука, прво се мисли на сите служби на Општина Кавадарци и сите институции вклучени во текот на сите три дена. Потоа на сите помагатели, поддржувачи и донатори од бизнис секторот. Винариите и угостителите кои се всушност и носители на овој настан, на медиумите кои го следеа секое случување, секој настан и информираа за тоа, и секако, најголема благодарност на кавадарчани, кои како и секогаш се покажаа не само како добри домаќини, туку и учесници, и секако благодарност до сите посетители и гости од Македонија и надвор од неа, кои изминатиот викенд го поминаа во Кавадарци.

За градоначалникот најважно беше тоа што сите три дена беше безбедно за секој и секаде и што верува дека изминатиот викенд сите ќе го помнат по добро.

Имавме успешни и исполнети три дена, културни, забавни и музички содржини. Имавме програма за сечиј вкус. Успешен карневал, гости и делегации од секаде, и секако од државниот врв. Имавме успешен Тиквешки Гроздобер рече градоначалникот. И затоа во знак на почит и благодарност, на сите кои имаа било каков придонес во испишувањето на оваа приказна под отворено небо денеска им беа врачени благодарници!

Секое добро до следниот Тиквешки гроздобер. Нека ни е за многу години!

ОБЈАВА број 5/2022

ОБЈАВА број 5/2022

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

по пат на електронско јавно наддавањево општина Кавадарци 

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

  1. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со УП за село Марена, Општина Кавадарци 2014-2024, донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 08-326/4 од 31.01.2019 година, за изградба на објекти со намена на градба –Г2 – Лесна и незагадувачка индустрија(компатибилна класа на намена Б1, Б2, Б4, В2, Д2, Д3, Г3 и Г4 –49%) согласно Табеларен преглед 1, во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежнaтa парцелa, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.
Соопштение за организирање на Јавна Презентација и јавна анкета по ДУП за УЕ 13, за дел од УБ 13.1, ,,Коњски Дупки”

Соопштение за организирање на Јавна Презентација и јавна анкета по ДУП за УЕ 13, за дел од УБ 13.1, ,,Коњски Дупки”

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изработка на урбанистичка планови во Општина Кавадарци за 2017 година, Урбанистички планови финансирани од Буџет на Општина Кавадарци, точка 12, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и јавна анкета

по Детален урбанистички план за УЕ 13, за дел од УБ 13.1, ,,Коњски Дупки”, КО Кавадарци град и КО Кавадарци вон град, Општина Кавадарци

 

Границата на опфатот е дефинирана:

– од северната страна границата на опфат минува по оската на сервисна улица “4”.

– западната граница на опфатот се движи по граница на ГУП за град Кавадарци и населбите Ваташа и Глишиќ (покрај станбена улица “7”).

– на јужната страна границата на опфатот се движи по оската на станбена улица “3”.

– и на источната страна границата на опфат се движи по оската на сервисна улица “8” и по осовината на магистралната улица “М4” – „Западен булевар”

 

Големината на опфатот изнесува 6,56 ха.

Јавна Презентација и јавна анкета по Детален урбанистички план за УЕ 13, за дел од УБ 13.1, ,,Коњски Дупки”, КО Кавадарци град и КО Кавадарци вон град, Општина Кавадарци, ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план  во просториите на Општина Кавадарци.

                Јавната анкета трае 10 дена, од 21.09.2022 до 06.10.2022 година, секој работен ден од 8:00 до 16 :00 часот.  Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 27.09.2022 година во 13:00 часот во просториите на Општина Кавадарци (Голема сала).

Тиквешки гроздобер 2022 година

Тиквешки гроздобер 2022 година

Почитувани кавадарчани, гости од цела Македонија и пошироко, започна вековната традиција на нашиот град, стопанската, туристичка и културна манифестација Тиквешки Гроздобер 2022!

Изложба на олдтајмери, таблијада, изложби на уметнички дела, трка со келнери, натпревар на коктели со вино,подготвување на најразлични специјалитети од грозје, вино и маџун, традиционални вечери на староградска песна и гостување на музички звезди од Македонија и поранешните ЈУ простори, во приказната наречена Тиквешки гроздобер. И главната карневалска поворка, белегот на оваа манифестација низ годините, со учество на карневалски групи од Македонија и надвор од неа. За многу години!